Мајкл Џордан оствари милионска заработка од трансферот на Меси во ПСЖ


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Поради тешката финансиска состојба Барселона не можеше да го регистрира Меси за новата сезона, иако тој прифати да игра за помала плата.

Меси потоа потпиша двегодишен договор со ПСЖ и го доби бројот 30, а очекувано неговиот дрес направи „бум“ на пазарот и се продава во рекорден број.

Од сето ова голема заработка имаше и легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, кој ќари неверојатни шест милиони евра.

Шпанска „Марка“ објави дека Џордан во договорот со ПСЖ има процент од заработката, а досега парижаните заработија 120 милиони евра.