Магија стара 1.400 години: Златниот листопаден раскош на кинеското гинко дрво


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


1.400 години старото гинко дрво кое се наоѓа во дворот од еден кинески храм стана вистиска атракција за посетителите, посебно во периодот кога паѓа неговото лисје.

Секоја есен, овој примерок од видот гинко, го опсипува тревнатиот двор под своите гранки со море од златобојни листови, правејќ магичен златен тепих околу своето стебло на кој монасите од храмот медитираат. Добро, им фали малку тишина и спокој бидејќи околу ниската ограда на манастирот во тој период редовно се збираат илјадници луѓе за да уживаат во глетката на овој природен феномен.

Се верува дека ова дрво е засадено од царот Ли Шимин, основач на династијата Танг (618-907 година). Дрвото се наоѓа на листата на национално заштитени дрва.

Видот гинко, инаку, е единствениот денес преживеан претставник од родот гинковиди чии фосили датираат и до 200 милиони години старост.