Ливерпул „му пукна петарда“ на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го доживеа еден од најболните порази во поновата историја и тоа од најголемиот ривал Ливерпул (0:5).

Одбраната на Манчестер Јунајтед направи неколку аматерски грешки, па „црвените“ ги казнија и лесно стигнаа до предност од 2:0 уште после 15 минути игра.

Кеита уште во 5-та минута погоди за 1:0, а неколку минути подоцна Жота зголеми на 2:0, после уште една грешка на одбраната на Јунајтед.

Во последните пет минути од полувремето Салах постигна два гола и најави дебакл на Манчестер Јунајтед. На самиот старт на вториот дел Египќанецот го комплетираше хет-трикот и погоди за 5:0.

„Црвените ѓаволи“ во 60-та минута останаа со играч помалку кога Погба доби црвен картон поради грубиот старт над Кеита.

После овој срамен пораз на Јунајтед се засилија шпекулациите за отказ на Оле Гунер Солскјер, а и навивачите бараат од тренерот да си замине.