Home Актуелно Листа со најозлогласените мафии на светот – албанската во топ 5

Листа со најозлогласените мафии на светот – албанската во топ 5

Албанската мафија се вбројува во врвните пет најсилни и најопасни мафијашки и криминални организации на светско ниво со тенденција дополнително да се искачува во врвот на „најозлогласената листа“ вели статистиката.

На прво место се уште се наоѓа мексиканскиот нарко картел како најопасна мафијашка организација на светот, на второ „Кумови“ и семсејствата на италијанската мафија.

На трето место се руските криминалци, американските гангстери и улични банди кои се наоѓаат на четвртото место, а посебно силни се Латино бандите поврзани со мексиканските картели.

Албанската мафија е на петто место, а свои ограноци има ширум светот и соработуваат со сите организации кои продавата дрога.

Како што пишува „Блиц“, територијално се многу распространети, активни се во Европа, но и на огромно подрачје кои се протега од Северна и Јужна Америка, па до Кина.

Албанската мафија позната е по специфините комбинации на строга внатрешна дисциплина, класна структура и бракови во клановите, што ја намалува можноста за разбивање на организацијата од надвор и ја зголемува поврзаноста и солидарноста во групата.

Во извештаите на „Викиликс“ потврдена е нивната поврзаност со политичари во бројни земји, а некои аналитичари шпекулираат дека самата мафија е посилна од официјална Тирана, затоа што имаат влијание во правосудството и политиката, како и сопствена вооружена „полиција“ која ги чува плантажите со дрога.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…