Српска работа: Направил милинска проневера со биткоини и се фрлил на живот во Кан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кореанец, сопственик на компанија специјализирана за криптовалути во Сингапур, без да биде сомничав во врска со таа зделка, ја затворил сомнителната трансакција со Србин кој му ветил дека ќе му исплати 2,3 милиони евра во кеш во против вредност на биткоини.

Купувачот договорил трансакцијата да се изврши во луксузен хотел на француската Ривиера. Состанокот се одржал во хотел во Ница , а Кореанецот не се сомневал во намерите на Србинот.

Дури откако била извршена трансакцијата , тој сфатил дека Србинот му дал лажни банкноти од по 500 евра.

Полицијата покренала истрага и по еден месец , кон крајот на јули , го нашле во Кан. Србинот возел скап автомобил , носел часовник од 100 000 евра и се забавувал во Кан со милионите на Кореанецот.

По појавувањето на суд , задржан е во притовр под обвинение за измама , како и сомневање дека е дел од поголема група , изјавил денеска неговиот адвокат Жерар Будо.

Полицијата открила дека Кореанецот се прелажал кога Србинот му понудил да инвестира во неговата компанија , а потоа му предложил идеја да се трансферира биткоинот на странска сметка во замена за пари во кеш.