Легендата Бербатов не успеа да стане претседател на Фудбалскиот сојуз на Бугарија – реизбран „вечниот“ Михајлов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Бугарија се одржаа изборите за нов претседател на фудбалскиот сојуз за наредните четири години.

На изборите победи досегашниот претседател Борислав Михајлов. Михајлов го победи легендарниот напаѓач Димитар Бербатов. Иако Бербатов важи за легенда во Бугарија и големо име во европскиот фудбал бидејќи со успех настапуваше во Премиер лигата, сепак не победи.

Михајлов доби 241 глас, а Бербатов 230.

„Клубовите во Бугарија го реизбраа Борислав Михајлов за претседател во наредните четири години. Пред очите на целата земја тој ја доби поддршката од клубовите“, стои во сооптението.

Инаку, Михајлов раководи со федерацијата во последните 16 години. Исклчок е периодот кога си поднесе оставка поради расни навреди, но брзо се врати.