Повторно изречена затворска казна од 19 години за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо

Кривичниот суд ја потврди со повторно изрекување затворската казна од 19 години на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо.

Судот и пресуди 19 години затвор што е истата казна како во првата пресуда претходно укината од Апелациониот суд.

Апелацискиот суд во август ја укина првостепената пресуда која ѝ беше изречена на Ангела за убиството на Пино.Во пресудата беше наведува дека Ѓорѓиевска помогнала во извршување на убиството на Секондо, кое според доказите го сторил обвинетиот Али Фуркан, кој е во бегство.

Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Во обвинителниот акт против Ѓорѓиевска беше наведено дека на 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо-Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „опел аскона“, носејќи со себе огнено оружје – пушка.

„Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот ‘шкода’ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.