Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
МВР излезе со свое објаснување во врска со активистот на Левица од Прилеп, откако претседателот на оваа партија, Димитар Апасиев, објави на Фејсбук дека Иван Јованоски е повикан на разговор во полиција по инцидентот на 11 Октомври на Могилата на непобедените.
Според МВР, И.Ј. (32) е повикан на разговор поради омаловажување државен орган.
Во Полициска станица – Прилеп денеска е повикан И.Ј. (32) од Прилеп, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Тој е повикан поради омаловажување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата“, соопшти МВР.
Јованоски е еден од десетината активисти на Левица кои на 11 Октомври застанаа пред споменикот во Прилеп во моментите кога државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Тој му дофрлуваше на премиерот Зоран Заев дека треба да оди да слави во Бугарија и дека тука не му е местото, по што Заев му одговори да оди на психијатар.