Легендарната Клоуз повторно без Оскар – дали таа е најголем „оскаровски губитник“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холивудската прекалена актерска ѕвезда Глен Клоуз и оваа година остана без најпрестижната филмска награда, статуетката Оскар.

Клоуз беше номинирана во категоријата за најдобра женска улога во филмот „The Wife”. Статуетката во оваа категорија ја однесе актерката Оливија Колман, која го освои Оскарот за улогата во филмот „The Favourite”.

Твитер „гореше“ во врска со повторното недобивање на Оскар на Глен Клоуз, а корисниците на оваа социјална мрежа, иако упатија честитки до Колман, не можеа да веруваат дека легендарната актерка остана без уште еден Оскар. Ова беше нејзината седма номинација.

„Што треба да направи Глен Клоуз па конечно да добие Оскар“, „Глен е ограбена“, „Неверојатно повторно остана без Оскар“, беа само дел од коментарите откако актерката уште еднаш остана без златната статуетка.

И самата Оливија Колман оддаде признание на актерката, кога во текот на својот говор изјави дека за неа Глен Клоуз е легенда и нејзина омилена актерка и оти не очекувала дека ќе ја запознае на ваков начин.