Ламборгини на вода


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луксузниот автомобилски бренд го претстави своето прво луксузно пловило – јахта која импресионира со својот изглед и содржина.

Ова е прв во серијата бродови што Текномар ги гради за Ламборгини. Не треба да се биде познавач за да го препознаете потписот на Ламборгини на овој прекрасен брод. Оние што се поупатени, исто така, ќе видат врска до одделни автомобили, како што се Sian FKP 37 или Terzo Millennio. Како и да е, ова е Ламборгини однадвор и внатре, со изобилство луксуз како што прилега на моделот од светска класа во наутиката.

Тешко е да се набројат сите особености на јахтата, но секако вреди да се споменат конзолниот покрив и проѕирните панели на страна. Внатре, тешко е да се каже дали кокпитот со истакнато капетанско место изгледа попривлечно, или во спална соба со лифт инспириран токму од автомобилите Ламборгини.

Бродот се напојува со два V12 мотори со комбинирана моќност од 4000 КС. Тоа е доволно за брзина од 60 јазли или околу 111 км / ч. Со малку посмирени 40 јазли (74 км / ч), опсегот е 210 наутички милји или околу 390 км.

Точната цена за првиот примерок не е позната, но се знае дека новиот сопственик веќе ужива во неа.