Американската пливачка штафета постави нов светски рекорд на 4х100 метри мешано во Токио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Штафетата на САД на 4х100 метри мешано постави нов светски рекорд и го освои златото на ОИ во Токио.

Рајан Марфи, Мајкл Ендру, Калеб Дресел и Зак Епл од САД патеката ја поминаа со вкупно време 3 минути 26 секунди и 78 стотинки.

Среброто го освоија Британците, а бронзата им припадна на италијанската штафета.

Главната ѕвезда Кејлеб Дресел го освои 5-от златен медал во Токио и ќе биде најтрофејниот пливач на ОИ.