„Кратките одговори на големите прашања“ од Хокинг – за Бог, рајот, патувањето низ времето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во својата последна книга која е насловена „Кратки одговори на големите прашања“, славниот физичари Стивен Хокинг, пред неговата смрт, дава свои концизни и јасни одговори на едни од најголемите прашања кои отсекогаш го преокупираат човештвото.

Стивен Хокинг во книгата одговара на прашањата кои што најчесто му биле поставувани во неговиот живот.

„Нема Бог, а нема ни живот после смртта. А, сигурно не постои ниту рајот“, смета Стивен Хокинг чиј што прв брак се распаднал поради неговиот атеизам. Хокинг во пораката, меѓу другото тврди дека образованието и науката „се во поголема опасност од било кога досега“ и дека во светот не се ценат научниците.

Пред неговата смрт, Хокинг започнал да составува одговори на 10-те основни прашања кои што луѓето најчесто му ги поставувале, а тоа се следниве прашања и одговори:

Дали постои Бог?

– Не. Никој не управува со нашиот универзум.

Како започнало се?

– Со “The Big Bang”.

Што се наоѓа во црната дупка?

– Паѓањето во црната дупка е дефинитивно лоша вест. Ако тоа би било ѕвездена црна дупка, ќе станете шпагети пред да дојдете до хоризонтот.

Можеме ли да ја предвидиме иднината?

– И не, и да. Всушност, законите ни овозможуваат да ја предвидиме иднината, но во пракса тоа е премногу тешко.

Дали патувањето низ времето е возможно?

– Според нашите досегашни сознанија, патувањето во минатото не може да се исклучи.

Дали ќе преживееме на Земјата?

– Сегашниот светски поредок има иднина, но ќе биде доста поинаков.

Постои ли интелигентен живот во вселената?

– Постојат облици на интелигентен живот горе. Мораме да бидеме внимателни околу одговорот додека целосно не се развиеме.

Дали треба да ја колонизираме вселената?

– Очекувам дека во идните сто години ќе можеме да патуваме било каде во Сончевиот систем.

Дали ќе бидеме надмудрени од вештачката интелигенција?

– Вештачката интелигенција ќе биде многу добра во постигнување на одредени цели, но доколку тие цели не се во склад со нашите, тогаш ќе имаме проблем.

Како да ја обликуваме иднината?

– Запомнете да гледате горе во ѕвездите, а не долу во своите стапала.