Кралицата Елизабета II во паника се исели од Бакингемската палата – еве ја причината за тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кралицата Елизабета II во паника ја напушти својата резиденција, Бакингемската палата, поради страв од наездата на стаорци кои почнале интензивно да се појавуваат во палатата и болестите кои ги шират тие.

Таа била потресена од многуте стаорци кои почнале да излегуваат од секаде во палатата, па одлучила да замине додека проблемот не се реши.

„Глувците и стаорците се голем проблем во Лондон, а особено во старите куќи и згради. Покрај членовите на кралското семејство, вознемирен е и персоналот кој многу често се среќава со неканетите гости“, изјавил извор од Бакингемската палата.

Со оглед на фактот дека Лондон е пристанишен град покрај река, многу малку може да се направи во врска со ширењето на стаорците и глувците.

Персоналот повикал фирма за дератизација за да ја подобри ситуацита, бидејќи стаорците биле видени дури и во кујната на палатата, што од хигиенски и здравствени причини дефинитивно не е добро.

Кралското семејство заедно со кралицата ја напуштиле палатата додека ситуацијата не се реши, а наводно, кралицата Елизабета II особено била загрижена поради заканите од болести што може да бидат пренесени од оваа наезда.