Home Спорт Барса и Нејмар се договорија, Бразилецот драстично ќе ја намали платата

Барса и Нејмар се договорија, Бразилецот драстично ќе ја намали платата

Денешното издание на каталонски „Спорт“ ексклузивно пренесува дека постои договор помеѓу Нејмар и Барселона. Двете страни постигнале договор за петгодишна соработка.

Нејмар сака по секоја цена да се врати на „Камп Ноу“ и не поставил никакви услови, притоа веднаш се согласил на понудата која му ја доставиле Каталонците.

Нејмар во Париз заработува 36,8 милиони евра за сезона, а се согласил на драстично намалување на платата само да се врати „дома“.

Имено, Барса му нуди 24 милиони евра по сезона во наредните пет години, а Бразилецот порачал дека парите не му биле важни, туку едноставно сака да се врати во клубот во којшто бил среќен.

Во сезоната 2018/19 Нејмар одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 гола и даде 13 асистенции. Тој играше за Барселона од 2013 до 2017 година кога за рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…