Home Шоубизнис Cyrillic со „хаус“ ремикс на „Proud“ од Тамара – верзија која ги запали светските музички канали

Cyrillic со „хаус“ ремикс на „Proud“ од Тамара – верзија која ги запали светските музички канали

Електронското дуо Андреј Иваноски и Бојан Иваноски познати како Cyrillic направија ремикс верзија на евровизиската песна „Proud“ на Тамара Тодевска. Ремиксот сега е објавен и на YouTube каналот CDeep, канал кој важи за еден од најголемите музички канали за Deep House музика.

Автори на оригиналот се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, на текстот Коста Петров, а новиот ремикс звучи сосема поинаку од оригиналот. Да се потсетиме оригиналот го доби првото место од стручното жири на Евросонг.

Оваа верзија на Proud е опишана како „вистинско освежување“ и „летен хит“ од фановите на deep house музиката. За неполни 24 часа песната достигна 19.000 прегледи на YouTube.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Милионски хонорари за ТВ-ѕвездите: Зендаја, Селена Гомез и други заработуваат и до два милиона долари по епизода

Нови податоци ги откриваат хонорарите на дел од најголемите телевизиски ѕвезди. Селена Гом…