„Кралицата Елизабета е неинтелигентна сељачка“

Елизабета

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Авторот на серијата Crown, досега најскапата ТВ продукција на Netflix посветена на шестдецениското владеење на актуелната британска кралица, Питер Морган, во интервјуто за Sunday Times Елизабета II ја нарече жена „со ограничена интелигенција“, додaвaјќи дека кралското семејство е една „пореметена институција“.

Морган за списанието изјави дeка не би поверувал доколку некој претходно му кажеше дека ќе пишува сценарио за серија посветена на Елизабета II.

„Не би ми паднало на памет дека може да се каже било што за таа сељачка со ограничена интелигенција. Таа на драго срце побрзо би се грижела за своите писма и одгледување коњи, отколку да си ја врши должноста на монарх“, вели тој.

Ставот на Морган за кралското семејство

Морган, кој го опишуваат како загрижен републиканец, вели дека е импресиониран од способноста на кралицата за опстанок без оглед на „катастрофалните грешки“. За разлика од неа, парламентарните застапници погрешните одлуки ги чинеа губење на кариерите.

Членовите на кралското семејство во интервјуто ги нарече „паразити или вируси кои мутираат“.

„Станува збор за една пореметена институција и целосно луд систем, но можеби токму тој им овозможува и понатаму да одат напред“, вели тој.

Елизабета II во филмовите

Питер Морган го откри приватниот живот на долговечната поглаварка во филмот The Queen во 2006 година, во режија на Стивен Фриерс, а потоа и на театарските даски од West End. За улогата на Елизабета II во споменатиот филм со Оскар беше наградена славната британска актерка Хелен Мирен.

Додека тој филм се бавеше со Елизабета во зрелото животно доба, дејството во „Круна“ го следи животот на младата принцеза која се мажи за Филип Монтбатен во турбулентните времиња после Втората светска војна.

Кралицата во овој серијал ја игра Клер Фој, која во мини серијата на ВВС од 2015, Wolf Hall, ја глумеше една друга британска кралица, Ен Болејн.

Морган во секоја сезона од „Круна“ планира да прикаже една деценија од вледеењето на кралицата. Приказната почнува со замрсеното преземање на тронот после смртта на Џорџ VI, под надзор на тогашниот премиер Винстон Черчил.

Во третата и четвртата сезона од серијата, ликот на кралицата ќе го глуми Оливија Колман. Втората сезона на Netflix ќе почне да се прикажува на 8 декември, а четвртата ќе се емитува во 2019 година.