Home Вебкафе Поради овие одговори на тест за секс ја суспендираа од школо

Поради овие одговори на тест за секс ја суспендираа од школо

Џордан Фридман на Imgur објави фотографија од тестот на нејзината сестра Марија, која беше суспендирана од училиште пред две години поради интересните одговори кои ги напиша на за можните оправдувања кои момчињата ќе ги измислат за да не носат кондом за време на секс.

Марија тестот го решавала во рамки на сексуалната едукација во своето школо во Монтреал.

„Пред две години, мојата тогаш 14-годишна сестра Марија беше суспендирана поради овие одговори. Горда сум на неа“, напиша 21-годишната Џордан.

Оттогаш фотографијата е прегледана над 3 милиони пати.

Тестот под наслов „Приговори против кондомот“ бараше од учениците да наведат свои одговори на приговорите кои би можел да им ги наметене нивниот партнер. Така, на можниот приговор од машкото: „Кондомите се одвратни, толку се неуредни. Ги мразам“, Марија одговорила: „И бебињата се такви“.

На приговорот „Само овој пат, толку ретко се сексаме“, таа одговорила: „Сега знаеш зошто“, а на „Немам кондом со себе“, напшала „Немам ни јас вагина со мене“.

„На оваа фотка налетав пребарувајќи низ моите фотографии и одлучив да ја објавам. Ми беше смешно, па одлучив да ја ставам на Imgur“, објасни Џордан.

Она што не го очекуваше е дека нејзината објава ќе стане вирален хит. „Очигледно е дека е смешно, но малку сум надвор од себеси после сето ова“, вели таа.

И додека на многумина им се допаднаа креативните, но и брутално искрени одговори на Марија, некои сепак не гледаа со симпатии на истите. Сепак, сите се согласни дека суспензијата од школо била престрога казна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Таинствената вила на Лагерфелд продадена за 4,7 милиони евра – а поминал само една ноќ во неа

Не, не е сцена од филм, ова навистина се случило: легендарната вила на Карл Лагерфелд, „Па…