Колку заработуваат фудбалските ѕвезди: Меси без конкуренција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реномираниот француски весник „Екип“ објави листа со најплатените фудбалери во Франција и цела Европа, а на врвот убедливо е ѕвездата на Барселона, Лео Меси.

Очекувано, фудбалерите на ПСЖ се најплатени, а Нејмар ја има најголемата плата во француската Лига 1.

Бразилецот за еден месец заработува повеќе од 3 милиони евра и тој е убедливо прв на листата. Неговиот колега Килијан Мбапе заработува 1,91 милион евра месечно, а на трето место е Тиаго Силва со заработка од 1,5 милиони евра.

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси е најплатениот фудбалер во светот, пред Кристиано Роналдо. Аргентинецот има месечна бруто плата од 8,5 милиони евра, односно речиси двојно повеќе од онаа на Кристиано Роналдо, и повеќе од Португалецот и Нејмар заедно.