Колин му се закани на неверниот Руни: „Или враќај се дома, или го праќам брат ми!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите одамна престанаа да ги бројат аферите кои Вејн Руни ѝ ги приредува на сопругата Колин. На нивните, а особено нејзините, пријатели и познаници уште не им е јасно зошто уште го трпи и не се разведува од него.

Изгледа дека Колин не размислува за развод ниту после последниот љубовен испад во кој Руни наводно беше фатен од папараците со непозната бринета со која завршија во хотел после целовечерна пијанка по клубови. Колин реши да му го дотера умот на неверниот сопруг, па реши во САД да го прати својот брат Ентони МекЛафлин за да го чува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coleen Rooney (@coleen_rooney) on

Британски The Sun пишува дека Колин му се заканила на Вејн дека ќе го прати Ентони во САД, ако тој истиот миг не се врати во Британија. Руни моментално игра за DC United, а Колин веројатно на драго срце би сакала тој да го раскине договорот и да се врати на островот.

Ентони внимаваше на Руни кога тој се пресели во САД. Беше на услуга на Колин (која го вработи како личен асистент) и го пазеше Руни да не пие, да не лумпува и да не прави будала од себе.