Изјава на Русковска после речиси тричасовното реферирање пред Советот на јавни обвинители


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако речиси три часа шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, го изнесуваше својот реферат пред Советот на јавни обвинители за инволвираноста на Катица Јанева во случајот „Рекет“, таа даде изјава и за медиумите чии претставници ја чекаа пред институцијата каде што реферираше.

Русковска ги доставила и дополнителните списи од барањето за притвор на Јанева и образложила зошто шефицата на СЈО е осомничена и притворена. Одби да одговори зошто се задржа три часа и какви прашања добила од членовите на Советот на јавни обвинители.

На новинарско прашање околку инволвираноста на премиерот Заев и други функционери во случајот Рекет, Русковска кажа дека Заев се споменува само на едно место во записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев и тоа во делот каде Камчев рекол дека рекетирањето го пријавил прво кај премиерот. Сите останати медиумски објави ги отфрли како шпекулација, додавајќи дека финансиската истерага е во тек.

Обвинителката Вилма Русковска, по состанокот во Советот за јавни обвинители, изјави дека Бојан Јовановски – Боки 13, ќе биде повикан да даде исказ во ОЈО за случајот „Рекет“ кога таа ќе оцени дека треба, а во врска со парите од случајот „Рекет“, дека “за дел знаат, за дел се работи“.

„Се уште се работи на финансиската истрага. За нешто знаеме, за нешто се работи“, рече Русковска. Таа рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да излезе од притвор поради многу нарушено здравје и потврди дека се уште трае истрагата за документот со исказот на Камчев кој излезе во јавност. На прашање дали Камчев го имал тој документ, Русковска појасни дека записници на сведоците и на лица за кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат, туку пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничениот.

Во однос на истрагата за тоа како документот протекол во јавноста, Русковска кажа дека се уште трае и повтори дека адвокатите на Камчев и Камчев лично како сведок не го добиле записникот од исказот.

„Записници за сведоци и за лица од кои се бараат известувања не им се доставуваат, ниту записници од примање кривична ппријава. Пред завршување на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничените“, рече Русковска.

Русковска рече дека интензивно се работи и на финанисиската истрага. „За дел од парите знаеме каде завршиле, за другото се работи, но во оваа фаза на истрагата не можам да кажам во јавноста детали од истрагата“, рече Русковска.

Русковска потврди дека утринава во Обвинителството за организиран криминал, екс директорот на „Т мобиле“ Жарко Луковски побарал да го дополни исказот кој претходно го дал како сведок, за што претходно пишуваше Нова ТВ.

Русковска не кажа детали од исказот кој Камчев вчера го дал во Обвинителството, но рече дека добиле „дополнителни инфомации“.

Советот на јавни обвинители се уште одлучува дали ќе покрене постапка за разрешувае на Јанева и за избор на в.д. обвинител на СЈО.