Колективно бегство: 120 Романци изеле и испиле за 3.000 евра и побегнале без да платат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Околу 120 Ромаци кои празнувале крштевка во гратче во северозападниот дел од Шпанија избегале од ресторан без да платат сметка.

Романците избегале од ресторанот Кармен во Бембибре во момент кога требало да биде сервиран десертот, изјави за Би-Би-Си сопственикот на ресторанот Антонио Родригес.

– Сè се случи за една минута. Заеднички им била испланирана целата акција, и сите исчезнаа во панично бегство, изјави Родригес кому Романците му должат уште 2.000 евра (900 веќе дале депозит).

Тој додава дека за првпат во 30-годишната работа во ресторанот му се случило такво нешто. Полицијата досега не открила ниту еден од луѓето кои биле на прославата.