Home Спорт Кој ќе ја носи сега култната „седумка“ во Манчестер Јунајтед?

Кој ќе ја носи сега култната „седумка“ во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед ќе мора да донесе одлука за тоа кој ќе ја носи легендарната „седумка“ на „Олд Трафорд“ оваа сезона.

Бројот седум е заштитен знак на Роналдо, но тој број има посебна тежина и на „Театарот на соништата“ затоа што во историјата го носеа голем број легенди како Ерик Кантона, Џорџ Бест и Дејвид Беакм.

Интересно е тоа што Премиерлигата на својот официјален сајт ја додели „седумката“ на двајцата фудбалери. На профилот на играчите на Кавани и Роналдо и двајцата го имаат истиот број, но Јунајтед уште не реши официјално чиј ќе биде бројот.

Постои можност да си замине и Ентони Марсијал, па неговиот број да го добие Кавани, а бројот седум да му припадна на Роналдо, но засега ништо не е познато.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…