Кој ќе ги собере лентите од Водно после Европското првенство во планинско трчање?


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Во неделата, на падините на Водно, беше одржано Европското првенство во планинско трчање кое на скопската планина собра 255 учесници од 29 европски земји.

Но, она што беше евидентно еден ден после одржувањето и завршувањето на европскиот самит во планинско трчање, беа купиштата ленти кои организаторот ги користел за означување на патеката по која трчаa атлетичарите, а кои вчера попладне сè уште можеа да се видат веднаш на патеката над Средно Водно, до близина на Крстот на врвот на Водно. Дел од лентите беа собрани на куп и оставени, најевројатно за да ги собере некој друг, а дел беа расфрлани и закачени по дрвата.

Организатор на 17 Европско првенство во планинско трчање што се одржа вчера на Водно e Атлетската Федерација на Македонија, а на трката учествуваа 255 атлетичари од 29 европски земји.

Според Законот за Јавна чистота, организаторите на јавни манифестации (културни, спортски и други) на митинзи, прослави и други собири се должни веднаш по завршувањето на манифестацијата, односно собирот да го соберат сметот направен од учесниците на манифестацијата.

Извор: Мкд.мк