BMW G02: Уникатен „ѕвер“ од 1,8 тона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот автомобилски гигант BMW ги освежи најфанатичните поклоненици на нивните автомобилски лепотани со серија фотографии новиот SUV модел X4.

Овој SUV модел наречен G02 беше презентиран на почетокот на март, а во рамки на новата промоција компанијата се фокусираше на двете моќни верзии – xDrive30i i M40d.

Под хаубата на xDrive30i има 2-литарски мотор со четири цилиндри што развива моќност од 252 кс. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,3 секунди и постигнува максимална брзина од 240 км/ч, што се сериозни бројки кога ќе се земе предвид дека станува збор за „ѕвер“ од 1,8 тони.