Кога автомобилот ќе го претворите во „џамбо звучник“ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обично се смета дека за врвен и беспрекорен аудио систем во автомобилот ви се потребни и повеќе од десет звучници кои ќе доловат неповторливо и префинето музичко уживање. Но, според ова решение подолу не ви е потребен ниту еден, а нуди беспрекорен звук.

Или така барем тврди Continental, кој својот иновативен систем Аc2ated Sound го споредува со виолина. Системот со серија актуатори од автомобилот создава еден голем звучник кој доловува 3D доживување на звукот. И не само тоа. Со имплементација на овој систем би заштедиле на масата и на просторот од вашето возило.

На пример, А носачите би биле одговорни за високите тонови, панел вратите за средните, додека задната полица и покривот би имале улога на субвуфер. Прашање е само колку долго би издржале елементите од автомобилот, судејќи според моменталната квалитетна обработка, неизбежна појава на таканаречен шум и слични последици од зголемените вибрации.