Кинескиот Oppo тргнува во освојувачка офанзива на европскиот пазар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кинескиот производител на телефони Oppo тргнува во освојување на европскиот пазар и експанзија на стариот континент. Овој нивни потег следува после послабото влијание на епидемијата на коронавирусот врз деловните резултати отколку што првично се предвидуваше и очекуваш.

Oppo извести дека воспоставиле партнерство со единаесет телекомуникациски оператори како дел од нивниот проект „5G Landing Project“, кој промовира имплементација на 5G производи и услуги, и спојување со други индустрии.

Особено се нагласени новите партнерства со европските телекомуникациски оператори, меѓу кои се истакнува францускиот Orange, британскиот Vodafone, германскиот Deutsche Telekom, шпанскиот Telefonica, но и мексиканскиот Telcel, надвор од Европа.

Ву Кианг, директорот за маркетинг на компанијата, изјави дека во втората половина од 2019 година, резултатите од продажбата на Oppo надвор од Кина ги надминале оние внатре во Кина, со 200 проценти раст во Европа и 60 проценти раст во Индија. Во моментов Oppo ги продава своите производи во повеќе од 40 земји во светот.

Истакнуваат дека продажните перформанси нагло им паднале на почетокот на февруари, но и брзо закрепнале до крајот на месецот, и дека целокупната слика е многу пооптимистичка од првичната. Нивната претпоставка е дека кинескиот пазар оваа година ќе произведува 5 проценти помалку телефони од минатата година, како последица на епидемијата.

Oppo успеа да покрене 80 проценти од своето вкупно производство, од кои 45 проценти се наоѓаат во Кина, а остатокот во Индонезија, Индија, Алжир и Бангладеш. Oppo во петокот го претстави својот најнов модел Find X2.