Совети за правилно дезинфицирање на вашиот мобилен телефон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Научен факт добиен со конкретни истражувања е дека бактериите можат да преживеат врз поврзината на мобилниот телефон и до четири дена. А уште едно статистичко истражување вели дека секој човек кој има смартфон, истиот го зема в раце во просек 76 пати на ден, па сега вие пресметајте колку често доаѓате во контакт со секакви бактерии.

Чистењето на мобилните телефони не е толку едноставно, затоа што многу лесно може да направите грешка која ќе му наштети.

За да избегнете оштетување на екранот, користете крпа од микро влакна- мали крпи со кои се чистат наочари или фотоапарат.

Без тешки хемикалии

Со користење на тешки хемикалии може да го оштетите слојот на хемиски премази кој произведувачите ги користат за да го заштитат телефонот од отпечатоци од прсти.

Водоотпорните телефони со IP68 стандард може да ги миете под вода за да ги исчистите темелно. Повеќето флегшип смартфони го имаат овој стандард, но сепак проверете дали и вашиот телефон го поседува.

Користете крпа и гел за дезинфекција или алкохол.

Дури и откако ќе го исчистите мобилниот, мора да бидете внимателни. Најдобриот совет е редовно миење на рацете, а вашиот телефон да го чистите најмалку еднаш дневно.

Една студија покажува дека доколку носите телефон во тоалет, на него ќе има 10 пати повеќе бактерии отколку на даска од ВЦ-школка.