„Мајтапчиите“ што го насамарија Заев кога беше премиер, го изреметија и бившиот принц Хари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Популарно наречените „пранкери“ кои пред некое време јако го насамарија претходниот македонски премиер Зоран Заев, го таргетираа и изреметија и бившиот принц Хари.

Хари преку телефон зборувал со личности кои го убедиле дека се Грета Тунберг и нејзиниот татко, го споделил неговото мислење за ,,Мегзит“ (Megxit, кованција која ја направија британските таблоиди за излегувањето на парот Меган и Хари од кралското семејство), за Трамп, и за климатските промени.

Во телефонскиот разговор,вели дека се чувствувал целосно одделен од кралското семејство и решил да се оддалечи од кралскиот живот за да го заштити неговиот син.

Хари им кажал дека бракот со принц или принцеза не е како што се претставува во јавноста и дека воениот рок што го служел го направил многу „понормална“ личност.

Принцот изјавил и дека Доналд Трамп има „крв на своите раце“ за неговиот став кон климатските промени, а го опишал британскиот политички систем како „скршен“. Се верува дека Хари наседнал на измамата на нова година и на 22-ри јануари, додека престојуваше во Канада.

Русите кои стојат зад измамата, Владимир Кузнецов и Алексеј Стољаров, веќе имаат измамено луѓе како Елтон Џон, турскиот претседател Ердоган, но и поранешниот премиер Зоран Заев.