Кина со остри критики до државите кои најавија дипломатски бојкот на зимската Олимпијада: Ќе платите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинеските власти упатија остри критики за земјите што се приклучија кон дипломатскиот бојкот на Зимски Олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг во февруари, истакнувајќи дека многумина политичари секако и не би биле поканети, јави ДПА.

САД во понеделникот објавија дека ниту еден функционер нема да патува на Игрите во знак на протест поради наводите за прекршувања на човековите права од страна на Кина.

САД објавија дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг, МОК ја почитува одлуката

По ова, Австралија, Велика Британија и Канада се приклучија кон дипломатскиот бојкот, што не значи дека спортистите нема да учествуваат на ЗОИ.

По САД и Австралија најави дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин денеска во Пекинг изјави дека четирите земји „ќе платат цена за нивните погрешни потези“.

„Користењето на Олимпијадата за политичка манипулација е непопуларно. Би сакал да нагласам дека Кина не покани ниту една од овие држави“, рече тој.

Нов Зеланд, исто така, информира дека нема да испраќа дипломати на настанот што ќе се одржи од 4 до 20 февруари. И германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер соопшти дека нема да отпатува на ЗОИ, но одби да го нарече тоа дипломатски бојкот, посочувајќи дека никогаш не ни било планирано тој да присуствува.

Рускиот претседател Владимир Путин е поканет и ќе оди во Пекинг.

Кина се соочи со критики за наводни прекршувања на човековите права во односот кон Ујгурите и Тибетанците, за сузбивање на демократското движење во Хонгконг и за заканите против Тајван.

„Спортот нема никаква врска со политиката“, продолжи Ванг, велејќи дека огромното мнозинство од меѓународната заедница ги поддржува Зимските игри во Пекинг.