Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Алија Назрбаева, најмладата ќерка на бившиот претседател на Казахстан, Алија Назарбаева, Нурсултан Назарбаев, кој со децении владееше во земјата, своевремено од земјата изнела 300 милиони долари и направила јако и расипничко трошење во Лондон.
Миленичката на некогаш моќниот казахстански претседател купила авион вреден 25 милиони долари, куќа од 8.75 милиони фунти во Лондон, па дури и приватна банка.
Назарбаева им дала упатства на двајца професионални финансиски советници да купат раскошни куќи, банка и луксузен авион, откако ги префрлиле парите во сложена мрежа на оф-шор компании што се протега од Лихтенштајн до британските Девствени Острови, пренесува британски Телеграф.
Освен милионските купувања во В.Британија, Алија Назарбаева му наредила на својот тим да купи и имот во Дубаи во вредност од 14 милиони долари, вклучувајќи и вила на елитниот остров Палм Џумеирах.
Деталите од овој милионски шопинг од 2006 година, прв пат се откриени вчера и најверојатно ќе предизвикаат дополнителни потреси во Казахстан, погоден од насилните протести насочени кон тамошната елита која со децении владее со земјата.
Нурсултан Назарбаев беше претседател на Казахстан 28 години, се до 2019 година кога се повлече во сенка, но задржа голем дел од својата моќ. Во драматични околности на 5 јануари, Назарбаев беше сменет од челната позиција во казахстанскиот Совет на безбедност и наводно се подготвувал да ја напушти земјата.