Се знаат дел од имињата кои ќе бидат во составот на новата Влада под водство на Ковачевски


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Утре СДСМ ќе го одржи својот Централен одбор на кој највисокото партиско тело треба да го заклучи финалниот состав на новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски.

Тој денес во интервју за државната МИА не откри имиња само потенцираше дека нема незаменливи функционери, особено доколку во претходниот мандат не ги дали проектираните резултати

Што се однесува до новиот владин состав и ресорите со кои ќе раководи СДСМ, станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација и резултати во своите ресори. Од сите нив очекувам максимално посветена работа, остварување на ветеното и фокус на приоритетите од програмата.“ – изјави Ковачевски за МИА.

Во моментов сигурни се само имињата на министрите кои доаѓаат од коалиционите партнери.

ДУИ останува со истиот кадровски состав во Владата со тоа што Јетон Шаќири ќе се пресли во образование. На својата позиција ќе остане и Горан Милевски од ЛДП.
Од старите кадри на СДСМ неофицијално Оливер Спасовски останува во МВР, а се шпекулира дека позицијата во транспорт и врски ќе ја задржи и Благој Бочварски. Фатмир Битиќи според неофицијалните информации ќе остане вицепремиер за економски прашања а како можни рокади се споменуваат Бојан Маричиќ од правда во секторот за европски прашања на местото на Димитров и Љупчо Николовски кој би можел да се врати во земјоделие.

Алтернатива влегува во здравство со Беким Сали додека Алити и Чупи ќе ги водат министерствата за администрација и она без ресор задолжено за дијаспора.
Планот на Ковачевски е по утрешниот централен одбор, новиот владин состав до собранието да го достави во вторник. Очекувањата се новата Влада да биде избрана пред крајот на идната недела.