Ќерката на Гејтс се пошегува на сметка на теориите на заговор за вакцината против коронавирусот откако ја прими истата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џенифер К.Гејтс, ќерката на Бил Гејтс, во петокот ја прими првата доза од вакцината против ковид-19, по што шеговито искоментира една од теориите на заговор што се шират околу вакцините.

„За жал, вакцината НЕ го вгради мојот генијален татко во мојот мозок – камо иРНК да ја имаше таа моќ….!“, напиша таа со намигнувачки емотикон во објава на Инстаграм.

Нејзиниот татко Бил Гејтс, милијардер и технолошки магнат, ги фокусираше своите филантропски напори со фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за подобрување на технологијата за вакцините и нивната достапност во земјите во развој. Тој исто така долго време предупредуваше на можноста за вирусна пандемија, многу пред ковид-19 да се прошири низ целиот свет.

Неговото застапување за вакцините го направи централна фигура во теориите за заговор против вакцините. Едно од тие заостанати верувања е дека тој ја користи пандемијата за да промовира вакцина со микрочип што ќе ги контролира умовите на луѓето или ќе ја следи нивната локација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

Гејтс за Си-ен-ен во јули рече дека е загрижен дека лажните теории може да имаат многу реално влијание.

„Се надевам дека нема да создадат колебливост кон вакцините“, рече тој.

Покрај шегата, на фотографијата на Џенифер Гејтс на Инстаграм се гледа дека 24-годишната студентка по медицина носи маска и држи беџ „Јас ја примив мојата вакцина против ковид-19“.

„Се чувствувам неверојатно привилегирано што ја примив мојата прва доза иРНК за да ги научи моите клетки да создадат заштитен имунолошки одговор на овој вирус“, напиша таа.

„Како студентка по медицина и иден лекар, благодарна сум што ќе ми даде заштита и безбедност за мојата идна пракса. Ги повикувам сите да читаат повеќе и убаво да размислат за себе и за своите семејства кога ќе добијат шанса. Колку повеќе луѓе се вакцинираат, толку побезбедни ќе бидат нашите заедници за секого“.

Таа им се заблагодари на оние што ја овозможиле вакцината.

„Велењето благодарам не ни почнува да ја опишува мојата благодарност кон лекарите, научниците, јавните здравствени експерти, фармацевтите и многу други што го направија можно ова достигнување во модерната медицина. Нашите здравствени работници работеа неуморно за да спасат што повеќе животи и оваа вакцина само ќе ја зголеми нивната способност да успеат“, напиша таа.