Home Спорт „Ќе ти го разбијам задникот“: Жестока расправија меѓу Гатузо и Коларов

„Ќе ти го разбијам задникот“: Жестока расправија меѓу Гатузо и Коларов

Натпреварот помеѓу Рома и Милан го одбележа расправијата помеѓу Џенаро Гатузо и Александар Коларов покрај аут линијата.

Расправијата почна на средината од првото полувреме кога Коларов се пожали поради жестокиот старт на Давиде Калабрија. Сето тоа се случи пред тренерот на Милан, кој почна да урла на Србинот.

Коларов се подготвуваше да изведе аут, а темпераментниот Гатузо му се доближи и почна да му вика:

„Ќе ти го разбијам задникот, играј фудбал“, по што интервенираше и главниот судија.

Сепак Гатузо на крајот на првото полувреме му се извини на Коларов и го прегрна на патот кон соблекувалната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…