Каролина Гочева и Mango – добитна комбинација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева очигледно е добитна комбинација која дава одлични резултати, па нема причина да биде прекината. Од модната куќа се пофалија со нови фотографии и модни инспирации за сите жени од брендот Mango, кои ги промовира нашата популарна пејачка.

Глобалната кампања на Mango за новата есенска колекција има за цел да ги сплоти жените ширум светот и да потенцира на нивната вредност за споделување на заеднички моменти.

Брендот избра облека и модни дотатоци за есен-зима 2019 во кои вреди да се инвестира, парчиња кои лесно се комбинираат меѓу себе, но и се вклопуваат во разни стилови.

Женскиот гардеробер нема да биде ќе биде комплетен без класичен капут, едноставна кошула, квалитетен џемпер од кашмир, а една таква селекција на безвременски креации направи „Mango“.

Романтичниот, природен и женствен изглед на Каролина во целосниот Mango изглед е направен и фотографиран на различни локации во прекрасниот Ресенски сарај “Драги Тозија“.

Облека и додатоци: Mango
Модел: Karolina Goceva
Фотографија: Ani Dimi
Стилист: Almir Mili
Шминка: VD Make Up
Фризура: Dzesi Kostić