
Кели Озборн даде ретка изјава за разделбата со поранешниот свршеник Сид Вилсон, откривајќи накратко зошто решила да стави крај на нивната врска.
Во март, извори за „Џаст Џаред“ потврдија дека 42-годишната телевизиска личност и 49-годишниот поранешен член на „Слипнот“ повеќе не се заедно. Веста за разделбата дојде само осум месеци по нивната свршувачка.
Во интервју за „Телеграф“, објавено во саботата, на 28 ноември, Кели кратко ја објасни својата одлука.
„Заклучив дека врската во која бев не е здрава“, рече таа.

Како што наведува весникот, Кели не сакала да открива дополнителни детали за раскинувањето.
Кели и Сид се познаваат повеќе од 25 години, но љубовната врска ја започнаа во јануари 2022 година. Во ноември истата година го добија синот Сидни.
Сид ја запроси Кели зад сцената на последниот концерт на „Блек сабат“ со нејзиниот сега покоен татко, Ози Озборн, на 5 јули 2025 година. Ози почина само неколку недели подоцна.
Извор: Just Jared