Сашка Веселинов го одбележа својот 27. роденден во друштво на семејството и најблиските пријатели, а дел од роденденските моменти објави на социјалните мрежи. Наместо голема и гламурозна забава, сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ избра мала прослава во семејниот дом.
Фотографиите им овозможија на нејзините следбеници да погледнат и како е уреден нивниот дом. Во ентериерот преовладува класичен стил, со дрвен паркет, масивна столарија и впечатлива уметничка слика на ѕидот.

Во средиштето на прославата беше долгата трпезариска маса, околу која се собра семејството. Сините столови, раскошните цвеќиња, тортата со шумско овошје и златните балони со бројот 27 го надополнија амбиентот, а во топлата домашна атмосфера не недостигаа ниту милениците.

На прославата беа и родителите на Ѓорѓе, Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Сашка и претходно во интервјуа зборувала за нивните дружења и за блискиот однос што го има со свекорот и свекрвата.
– Дијана и Срѓан се вистински цареви. Имаат навистина младешка енергија. Со Дијана може да се разговара за сè, а со Срѓан се игра билијард. Но, однапред да се знае, тој победува – раскажа Сашка во една пригода. Таа тогаш призна и дека не ѝ пречи што јавноста ја препознава како снаата на Ѓоковиќ.
Различни планови за родителство на почетокот од бракот
Иако денес имаат складен семеен живот, Сашка и Ѓорѓе на почетокот од бракот се соочиле со различни очекувања. Таа во една пригода откри дека набргу по венчавката се расправале околу тоа кога да го прошират семејството.
Ѓорѓе веќе размислувал за родителството, додека Сашка во тој период имала многу деловни обврски и проекти на кои сакала да им се посвети. Затоа, во почетокот не им се совпаѓале плановите за принова.
– Се сеќавам, бевме на некое патување, Ѓоле вози и почнува да ми префрла: „Кога планираш да имаш дете? Еве, сега почна трет, педесет и трет проект, каква е твојата визија?“ Јас веќе не можам, не сакам кога некој ми префрла. Му велам: „Слушај, сега ќе го завршам ова, емисијата, костимите за капење, па зимата во 2024 година можеме да имаме дете“ – раскажа Сашка за „Блиц“.
Сепак, плановите набргу им се смениле. Како што откри тогаш, само три недели по тој разговор почнала да чувствува вртоглавица и мачнина, што навестило дека проширувањето на семејството ќе дојде многу порано отколку што замислувала.
Извор: Story.rs