Еве ги најголемите должници кон државата според најновата листа на УЈП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, комунални претпријатија, МРТ, и многу други звучни имиња се дел од последната листа должници на давачки кон државата која ја објави УЈП.

УЈП ја објави 10-та по ред за оваа година листа на неплаќачи на давачките кон државата, а на неа се најдоа голем број јавни претпријатија, како на пример Македонската радио телевизија, ЈП за одржување на патиштата, Железница, потоа комунални претпријатија на неколку општини. Тука е и фирмата на Сеат Кочан „Трансмет“, која е во стечај, а не изостана и името на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.

На листата се најдоа вкупно 1.995 фирми, или 16 повеќе од претходно, и 2.520 физички лица, 66 помалку од минатиот месец.

Управата за јавни приходи објави дека вкупниот долг за разни даноци, царини и придонеси изнесува 10.114.683.435 денари, што за разлика од претходната листа е помалку за 84.458.111 денари.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).

Долговите никако да се намалат а регистрирани се 1995 фирми како неплаќачи на последната листа на УЈП.

Од друга страна УЈП бележи 2520 физички лица како неплаќачи.

На листата должници уште еднаш се запишаа и ЈП за одржување на патишта како и општина Карпош.

Целосната листа може да ја видите тука.