Home Шоубизнис Ештон Кучер и неговиот близнак Мајкл откриваат зошто се оддалечиле и како повторно се зближиле

Ештон Кучер и неговиот близнак Мајкл откриваат зошто се оддалечиле и како повторно се зближиле

Мајкл и Ештон Кучер на гала-вечер на фондацијата Старки за слух

Ештон Кучер и неговиот брат близнак Мајкл Кучер се навраќаат на еден од најтешките периоди во нивниот однос.

Во претстојната заедничка мемоарска книга I Call Bulls***, 48-годишниот актер од серијата „Луди седумдесетти“ и неговиот брат, кој е мотивациски говорник, раскажуваат како се оддалечиле и што ги навело повторно да се зближат.

Според најавата, книгата го опфаќа нивното растење во „големо, бучно и по малку откачено католичко семејство од работничката класа“, како и предизвиците со кои се соочувале поради церебралната парализа на Мајкл.

„Дури и за близнаци, нивната поврзаност била посебна. Секој можел да забележи дека Мајкл е поситен, а ако погледнел повнимателно, можеби и дека има одредени развојни тешкотии. Но, во тоа семејство немало место за изговори: кон сите се однесувале еднакво и немало простор за самосожалување“, се наведува во описот.

Сепак, по разводот на нивните родители, „работите станале помрачни“. Следувало сериозно влошување на здравјето на Мајкл, кое довело до трансплантација на срце и длабока семејна криза. На 13 години му било дијагностицирано зголемено срце. Откако во еден момент срцето му запрело, лекарите процениле дека му остануваат уште 48 часа живот доколку не добие ново срце.

Додека Мајкл се борел за живот, кариерата на Ештон почнала да зема замав. Тогаш Мајкл „сфатил дека да бидеш познат како братот на Ештон Кучер не е толку убаво колку што изгледа“.

„Дотука, ова е само една, додуша драстично поизразена, верзија на она низ што минуваат многу семејства кога едни браќа и сестри заминуваат, а други остануваат. Она што близнаците Кучер го направиле подоцна е многу поневообичаено: решиле дека врската што ја имале како деца е премногу скапоцена за да ја изгубат и дека ќе вложат труд повторно да изградат искрен однос“, стои во најавата.

Близнаците Мајкл и Ештон Кучер на гала-вечер на фондацијата Старки за слух

Во ново заедничко интервју за People, Ештон објасни зошто решиле заедно да ја напишат книгата.

„За мене, оваа книга има две цели. Прво и најважно, станува збор за поврзување со брат ми. Животот е краток, а семејството е засекогаш. Кога не ги поправате односите, тие се претвораат во нешто што повеќе не го препознавате“, изјави Ештон.

„Второ, сакавме да истражиме како две гледишта за истата приказна можат да бидат различни, без тоа да доведе до поделба. Слушам приказни за семејства што се распаѓаат поради различни убедувања и гледишта и никогаш не сакам тоа да му се случи на моето“, додаде тој.

Мајкл, пак, рече дека работата на книгата му овозможила подлабоко да ги согледа сите слоеви на нивниот однос.

„Ова е можност да ја раскажам својата приказна и надвор од предизвиците со кои сум се соочил, со надеж дека ќе им помогнам и на другите малку поинаку да погледнат на сопствениот живот. Но, можеби најмногу ми значи можноста подобро да го разберам брат ми и да му овозможам и тој подобро да ме разбере мене“, објасни Мајкл.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Марија Килибарда покажа како се носат црните кожени панталони: едноставна комбинација со впечатлив ефект

Со црни кожени панталони, тексас-кошула и сив сако, Марија Килибарда спои опуштеност и еле…