Екстра

Канибализам, убиство, хорор: Најголемите спортски авионски трагедии

Стравичната авионска несреќа во која загинаа најголем дел од патниците и екипажот, вклучително и поголем дел од тимот на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоензе, која се случи во Колумбија, за жал не е единствената спортска трагедија која (ќе) ја памети светот, предизвикана од авионска несреќа.

Оваа во колумбиски Медељин однесе 76 животи, а само петмина кои беа во авионот ја преживеаја несреќата. Иако најголема по бројот на жртви, не е единствена од која дел биле спортисти.

Торино

30-11-torino-nesreka

Првата таква несреќа се случи во 1949 година, кога се сруши авионот од експедицијата на Торино. Животот го загуби 31 лице, од кои 18 беа фудбалери. Авионот се сруши во планина која се наоѓа во близина на Торино. Клубот кој денес го води Синиша Михајловиќ тогаш беше троен шампион во Серија А и имаше десетмина репрезентативци во редовите на италијанската репрезентација.

Манчестер Јунајтед

30-11-mancester-nesreka

Веројатно и најпознатата авионска несреќа од светот на спортот, која се случи во 1958 година во Минхен, кога фудбалерите на Манчестер Јунајтед се враќаа дома после гостувањето на Црвена Ѕвезда во Белград. Настрадаа 23 патници, а имаше 21 преживеан. Меѓу настраданите имаше осуммина фудбалери од легендарниот англиски клуб кој тогаш имаше златна генерација која ја предводеше Мет Безби.

Трагедијата на универзитетскиот тим Маршал

30-11-marshal-nesreka

Оваа несреќа се случи во 1970 година, кога загинаа 75 луѓе. Меѓу загинатите беа дури 37 NFL фудбалери и девет тренери, а екипата се враќаше од мечот против Источна Каролина. Авионот од чартер летот удри во рид во близина на Западна Вирџинија.

Уругвајскиот рагби тим Old Christians

30-11-urugvajskitim-nesreka

Стравичната приказна која ја следи оваа несреќа се случи во 1972 година, кога авионот од уругвајскиот рагби тим се сруши на суровите Анди.

Освен што 45 патници загинаа на лице место, неколкумина од нив починаа набрзо после тоа, поради суровите зимски услови на планинскиот венец. Осуммина од тимот загинаа во лавина, а 14 луѓе преживеаја два месеци во сурови услови, хранејќи се со месото од мртвите сопатници. За оваа несреќа е снимен и филм.

Кубанскиот национален мечувалски клуб

30-11-kubanci-nesreka

Несреќата се случи во 1976 година, кога Кубанците се враќаа од Панамеричките игри каде освојуваа медали во Каракас.

Авионот експлодираше поради експлозија на две бомби, а подоцна документацијата потврди дека бомбите во авионот ги ставил агентот на ЦИА Луис Посада Кариљес. Од 73 лица кои беа на летот немаше преживеани.

Фудбалската репрезентација на Замбија

30-11-zambija-nesreka

Една од најтешките авионски несреќи во светот на спортот се случи во 1993 година во Африка. Репрезентацијата на Замбија патуваше на мечот од квалификациите за Светското првенство во 1994 година кое се одржа во САД, а противник во дуелот им беше Сенегал.

Набрзо откако авионот полета, дојде до несреќа поради која истиот се сруши во Атлантскиот океан. Во несреќата загинаа сите 25 патници и пет членови на екипажот. 18 од нив беа репрезентативци на Замбија.

Хокеарскиот клуб Локомотив

30-11-lokomotiv-nesreka

Најпресна несреќа која се случи во светот на спортот од вакви размери е онаа од 2011 година во Русија. Тогаш се сруши авионот на хокеарскиот тим Локомотив и во несреќата загинаа сите членови. Животот тогаш го загубија 27 играчи, 2 тренери и 7 официјални раководни лица од клубот.

Advertisements
To Top