Како на „Need For Speed“: Стравично излетување на Peugeot 207 на автопат во Полска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Автопатот на кој се случи оваа стравична несреќа се наоѓа во близина на Катовице, Полска. За истиот веќе некое време се зборува дека е многу опасен, па неретко има вакви снимки од сообраќајни незгоди.

Ова е токму таква ситуација, а на снимката се гледа како возачот на бел автомобил марка Пежо, модел 207, губи контрола врз возилото а потоа автомобилот удира во бочниот насип од автопатот и се превртува повеќе пати.

Автомобилот е целосно уништен, а најважно е тоа дека никој немал посериозни повреди после несреќата.