Актуелно

Нема промена во цената на горивата

Според најновата неделна одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата недела.

Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 60,50 (денари/литар), Еуросупер БС-98 за 62,50 денари, Еуродизел (Д-Е V) за 49,50 денари, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,50 денари, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,355 ден/кг и ќе изнесува 25,666 ден/кг.

To Top