Славни

Како на филм: Тенисерката загуби кладба и излезе на состанок со навивач, но…

Ви текнува на кладбата на моментално најубавата тенисерка на светот, Ежени Бушар, со нејзин обожавател на Твитер, која таа ја загуби, па мораше да излезе на состанок со него?

Е па, нештата после тој состанок тргнаа во сосема неочекуван правец, кој сигурно ќе ги воодушеви сите оние кои се разнежнуваат на романтичните филмски приказни од ваков карактер.

Имено, изгледа дека убавата Канаѓанка и студентот Џон Герке продолжија да се дружат, а TMZ дури пишува дека се видени во прошетка на плажа, со претпоставка дека можеби се во врска. Освен дружењето во јавност, Ежен неколку пати објави фотографии на кои тие двајца се дружат во домашна атмосфера, па изгледа дека целата таа работа не завршила со само едно излегување.

Тоа го потврдува и нејзината вчерашна објава на Твитер. Имено, тие добиле покана од NFL да присуствуваат на натпревар помеѓу New England Patriots (поради кои и сето меѓу нив започна) и Philadephia Eagles. „Назад каде започна сè? И тоа повторно со Patriots? Може! Што велиш, Џон?“, напиша прекрасната тенисерка. Џон, секако, ја прифати поканата.

Потсетуваме, Ежен минатата година прифати облог со нејзин обожавател, тогаш непознатиот студент Џон, кој тврдеше дека Patriots ќе ги добијат Atlanta Falcons на Super Bowl, иако резултатот тогаш беше на страна на Atlanta.

Ежен го загуби облогот, Patriots го добија натпреварот, а Џон го доби својот состанок со славната тенисерка. Денес, изгледа, веќе се добри пријатели, ако не и нешто повеќе од тоа.

To Top