Славни

Кајли Џенер го „згази“ Марк Закерберг

Цел Холивуд буквално „бруи“ од информацијата која ја објави престижниот Forbes, според која Кајли Џенер, припадничката на кланот Кардашијан/Џенер, влезе во финансиската историја како најмлада милијардерка на сите времиња.

Со милијардерскиот статус на 21 година, Кајли го „издува“ основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој важеше за најмладиот милијардер кој на 23 години ја заработи првата милијарда долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Благодарение на нејзиниот личен козметички бренд „Kylie Cosmetics“, и нормално, на нејзиниот статус како припадничка на споменатото фатално женско семејство кое „пали и жари“ на социјалните мрежи од каде заработуваат огромни пари, 21-годишната ријалити ѕвезда стана милијардерка.

 

View this post on Instagram

 

i had to go all out for my baby. #StormiWorld

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

„Ништо не очекував. Не можам да ја предвидам иднината, но, чувството е незаменливо“, изјави Кајли за Forbes, кој прв го објави нејзиното запишување во историјата. „Убаво е да се носите со тој факт“, додаде Кајли.

Според листата на Форбс, само брендот „Kylie Cosmetics“, кој го започнала во 2015-та година, е вреден 900 милиони долари и е во нејзина потполна сопственост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Кајли признава дека за нејзинит успех најзаслужни се социјалните мрежи – 175 милионите следачи на Инстаграм, Снепчет, Твитер и Фејсбук.

To Top