
Лили Ален го откажа концертот во Окленд, Нов Зеланд, откако се разболе од вирусна инфекција.
41-годишната пејачка требаше да настапи во арената „Спарк“ во среда, на 21 октомври, но соопшти дека здравствената состојба не ѝ дозволува да излезе на сцената.
Тоа требаше да биде нејзин прв настап во Нов Зеланд по неколку години, а воедно и почеток на австралискиот и новозеландскиот дел од турнејата „Lily Allen Performs West End Girl“.
Во објава на Инстаграм стори, Ален им се извини на обожавателите што планирале да дојдат на концертот.
„Многу ми е жал што морам да ви кажам дека имам вирусна инфекција и не можам да настапам вечерва“, напиша таа.
Пејачката на хитот „Smile“ изрази разочарување поради откажувањето, особено за обожавателите што патувале за да ја видат.

„Навистина со нетрпение очекував да ве видам сите и ужасно ми е тешко што ве разочарав“, додаде таа.
Ален порача и дека се надева оти во иднина ќе се врати во Нов Зеланд.
Промоторот на турнејата, „Фронтиер туринг“, го потврди откажувањето и објасни дека пејачката нема да настапи по лекарска препорака.
Следниот концерт засега не е откажан
Нејзиното враќање на сцената е планирано за петок, 23 октомври, во забавниот центар во Бризбејн, Австралија.
Заклучно со среда, 21 октомври, концертот во Бризбејн сè уште е наведен во распоредот на официјалната веб-страница на „Фронтиер туринг“. Сепак, нема дополнителни информации дали Ален ќе закрепне доволно за да настапи.
Турнејата треба да продолжи и во Сиднеј, Мелбурн и Перт, а австралискиот дел е предвидено да заврши на 1 ноември.
На настапите од турнејата „West End Girl“, пејачката во целост го изведува истоимениот албум од 2025 година.
Автоматски поврат на парите за билетите
Сите што купиле билети за концертот во Окленд автоматски ќе ги добијат парите назад.
Според „Фронтиер туринг“, средствата ќе бидат вратени преку истиот начин на плаќање во рок од 14 до 21 ден, зависно од банката на купувачот.
Дополнителни информации се достапни на официјалната страница на промоторот за турнејата.
Извор: Just Jared