Bugatti La Voiture Noire – единствен примерок по цена од 11 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


La Voiture Noire е новиот, бесно моќен и подеднакво бесно луксузен и скап модел на Bugatti кој е произведен во еден единствен примерок. И да, како што претпоставувате, веќе е продаден.

Станува збор за најмоќниот, најлуксузен и најскап суперсспортски автомобил на светот. направен е по повод 110 роденден на славната француска компанија, но и за да го воведе моделот Type 57SC Atlantic во новиот милениум.

Целата каросерија е од карбон , а под капакот има неверојатно силен 8.0 V16 мотор со 1.500 Kс i 1.600 Нм со шест ауспуси. Перформансите на овој мотор остануваат тајна.

Се открива само дека овој автомобил е веќе продаден по основна цена од 11 милиони евра без данок . Името на купувачот останува тајна.