Чупе, оти не плаќаш кирија?

Славниот модел и една од најжешките убавици на денешницата, Емили Ратајковски, заработува милионски суми од нејзината модна кариера, а сепак, заедно со сопругот, милионерот Себастија Беар-Меклард, користат дупка во законот за да не платат кирија за нивниот луксузен стан во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Емили и Себастијан, кој е продуцент и милионер, не плаќаат кирија , а се штитат со „законот за поткровја” , кој бил донесен 1982 година за да им обезбеди живеалиште на сиромашните уметници, кои живеел во поткровјата на Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Сопругот на Емили живее во станот од 2013, а неговиот газда е бесен зашто тој и натаму се претставува како сиромашен уметник и не платил кирија од 2017.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Така, Себастијан Беар-Меклард сега должи за станарина околу 120.000 долари. Неговото богатство се проценува на 12 милиони долари. Адвокатот на милионерот вели дека тој нема да попушти и дека ќе се бори за и натаму да не плаќа кирија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

На социјалните мрежи овој случај покрена лавина , така што дури и под провокативните фотографии на Емили се појавија коментари да не се крие зад законот и да си ја плати киријата.