Југословенските споменици вброени во „Деветте бруталистички чуда на светската архитектура“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Овие заканувачки бетонски кули кои пред неколку години беа сметани за најгрди градби на светот, денес повторно стануваат интересни и влијателни“, се зборовите со кои списанието GQ ја започнува својата статија за „деветте бруталистички чуда на светската архитектура“.

Меѓу нив тие ги сместија и југословенските споменици изградени од времето на социјализмот од крајот на Втората светска војна до крајот на минатиот век (’90-те години) ширум денес самостојните републики кои беа дел од СФРЈ.

„Овие споменици од доцното советско доба, од кои некои се изградени во знак на сеќавање на борбата на југословенскиот народ против окупацијата од Силите на Оската во Втората светска војна, денес се изразито привлечни. Монументалните структури стојат како сеќавање и симболи на единството на таа нација. Денес се ценат главно поради неверојатната вајарска способност и вештина изразени на нив. Ги има стотици раштркани по природата, а во втората половина на 20. век ги дизајнираа различни архитекти. Додека некои се со големина на зграда, други се високи колку еден човек“, пишува GQ.

Во статијата има фотографии од Долината на хероите кај Тјентиште и споменикот на паднатите партизански борби во битката на Сутјеска, Споменикот на храброста недалеку од Чачак и споменикот во спомен паркот Попина во Србија.

Брутализмот е стил во модерната архитектура кој цутел од 1954 до 1970 година. Името го добил од француските зборови „beton brut“ кои значат „груб бетон“, поим кој францускиот архитект Ле Корбизје го користел за да го опише бетонот користен на неговите згради изградени после Втората светска војна.

Еве ја комплетната листа на споменици кои ги вброи GQ.

1. Barbican Centre (Лондон) изграден 1982.

2. The Bank of London and South America (Буенос Аирес) изграден 1966.

3. Југословенските споменици (1950. – 2000.)

4. Библиотеката Geisel (Ла Хоља, Калифорнијаж) изградена 1970.

5. Катедралата Блажена Дева Марија (Сан Франциско) изградена 1970.

6. Trellick Tower (Лондон) изградена 1972.

7.  Храмот на Буда (Сапоро, Јапонија) изграден 2015.

8. Градското собрание (Бостон) изградено 1969.

9. The Met Breuer (Њујорк) изградена 1966.