Јокиќ „рипна в тавче“: Никола и Наталија стапија во брак


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Моментално најдобриот НБА центар, Србинот Никола Јокиќ, стапи во брак со долгогодишнета девојка Наталија Мачешиќ, а свеченоста беше одржана во родниот Сомбор изминатиот викенд.

По седум години врска Никола и Наталија во саботата формално запловија во брачните води.

Центарот на Денвер, 25 годишниот Никола Јокиќ и Наталија Мачешиќ во родниот Сомбор на мала свадбена церемонија ја крунисаа својата долга врска со брак.

По одличната сезона во НБА лигата во која со Денвер играше конференциско финале на Западот против шампионот ЛА Лејкерс, Јокиќ во моментов е на заслужен одмор кој го искористи за да стапи во брак со својата девојка Наталија.

Инаку, Никола Јокиќ во моментов е најплатениот српски спортист , неговиот петгодишен договор со Денвер е „тежок“ 148 милиони долари.