Јапонката Кане Танака официјално е најстариот човек на светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со своите 116 години, Јапонката Кане Танака официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек на планетата Земја.

Кане Танака е прогласена за најстариот човек на светот на церемонија во старскиот дом каде што живее, во Фукуока, Јапонија, во присуство на членовите на семејството и градоначалникот на градот, пренесува Асошиејтед Прес.

Јапонката Кане Танака е родена на 2 јануари во 1903 година како седмо дете во семејството. Во брак стапила со Хидео Танака во 1922 година, со кого добила четири деца, а едно посвоиле.

Според АП, Кане секој ден се буди во 6 часот и сака да се занимава со математика и да игра „Отело“.

Пред неа најстариот човек на светот бил исто така од Јапонија, сонародничката Чијо Мијако стара 117 години, која починала во јули минатата година.

Јапонците се познати по својата долговечност и доминираат на листата на настари луѓе на светот.

Инаку, според Гинис досега најстарата личност на светот била Французинката Жана Луис Калмен, која живеела дури 122 години.