Јане Велковски во ОН се запозна со Бекам и испрати универзална порака до светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Малиот Јане Велковски од Македонија, кој и покрај неговиот инвалидитет е голем љубител на фудбалот, во рамки на неговата посета и обраќање на самтитот на УНИЦЕФ во Обединетите нации (ОН) во Њујорк, порача дека треба да се отстранат сите бариери со кои се соочуваат лицата со инвалидитет бидејќи тие сакаат да функционираат самостојно како и сите други, пренесува Мкд.мк.

Јане Велковски кој боледува од спинална мускулна атрофија, станува симбол за борбата на лицата со попреченост. Тој како застапник на децата со инвалидитет од Македонија, зборуваше на глобалниот самит на УНИЦЕФ во Обединетите нации во Њујорк како дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детото.

Тој се запозна со фудбалската икона, Дејвид Бекам, но уште поважно испрати моќна порака до возрасните, побара да се тргнат сите препреки со кои се соочува тој и лицата како него за тие да можат независно да функционираат како и сите останати.

„Моите родители уште од најмала возраст ме учеа дека можам да правам се што прават и другите деца но на поинаков начин. Како што растев, тоа стана мое правило, да правам се што сакам и да уживам во животот. Одам во училиште, и имам многу пријатели, учам и одам надвор да си играм, но мојата најголема пасија е фудбалот. Го сакам фудбалот уште од најмал, и играм секогаш кога ќе можам. Тој ми дава сила, енергија и ме прави среќен. Фудбалот ми помогна да се борам да добијам терапија, ме поврза со многу славни личности и ме направи голем борец за еднаквост во спортот. Верувам дека секој во светот може да игра фудбал, без разлика како ќе игра, важно е да се биде еднаков и почитуван“, вели малиот Јане.

„Себеси се гледам како еднаков на сите, така се однесувам и тоа е начинот на кој секој треба да се однесува. Но не е лесно кога користите инвалидска количка бидејќи има многу предмети на патот. Не ми пречи мојот инвалидитет, туку ми пречат останатите бариери кои ме опкружуваат. Ме нервира кога ме оневозможуваат да одам некаде кога нема рампа или транспорт за мене и моите родители ќе треба да ме земат. Кога бев помал родителите ми помагаа, ги тргаа сите препреки кои беа на патот, но сакам да израснам во личност која е независна. Децата како мене сигурно се чувствуваат исто. И би сакал да им кажам да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од соништата. Треба да ги срушат бариерите кога и да наидат на нив и да прават добри работи кои за жал се повеќе недостасуваат. А на возрасните сакам да им кажам, мора да направите се за правата на децата, да се елиминираат бариерите. Да се стави крај на дискриминацијата“.